Линкови за пристапност

Македонски бизнис-форум и концерт во Вашингтон


Македонски бизнис-форум и концерт во Вашингтон
Македонски бизнис-форум и концерт во Вашингтон

Министерот Павлески говореше за странските инвестиции, музичари го илустрираа духот на Македонија

Машинскиот и автомобилскиот, информатичкиот, здравствениот, земјоделскиот, текстилниот и туристичкиот се клучни сектори за странските инвестиции во Македонија. Вака рече министерот за странски инвестиции Бил Павлески на синоќешниот бизнис-форум во Вашингтон, во организација на македонската амбасада.

„Се надеваме дека Европа нема да падне во рецесија. Во овој мандат во следните 4 години, очекуваме позначајни инвестиции отколку во претходниот период, затоа што подолг период сме присутни на сцената за привлекување странски инвестиции“, кажа министерот на собирот во Меѓународниот трговски центар.

Павлески не гледа дека спорот со името ги одвраќа странските инвеститори:

„Од разговори со потенцијални странски инвеститори, никој досега не ми спомнал дека не доаѓа во Македонија заради технички проблеми со името. Бизнисот и спорот со името немаат директна корелација. Бизнисмените главно се заинтересирани за условите кои Македонија ги нуди за инвестирање“, смета владиниот човек задолжен за странски инвестиции.

Директорот на центарот за меѓународна трговија и економија во фондацијата „Херитиџ“ Тери Милер на форумот за Гласот на Америка на македонски ги интерпретираше податоците на својата организација за учинокот на Македонија:

Македонски бизнис-форум и концерт во Вашингтон
Македонски бизнис-форум и концерт во Вашингтон


„Македонија има извонреден извештај за економскиот напредок. Во нашите истражувања за економските слободи во земјите ширум светот пронајдовме дека Македонија има една од најдобрите политики за промовирање на реформи што ќе помогне на бизнисите да инвестираат во земјата, да отворат работни места и да заработат“, наведува овој аналитичар.

По завршувањето на бизнис форумот, во концертната сала „Роналд Реган“ се одржа концерт по повод 20 годишнината од независноста на Македонија и во знак на благодарност од македонскиот до американскиот народ, под водство на маестро Борис Трајанов. Освен традиционалните композиции, Бобан Мирковски на пијано, Венко Серафимов на гитара и Александар Икономов на бас го претставија и современиот македонски звук.

XS
SM
MD
LG