Линкови за пристапност

Проблеми со пописот уште пред да почне


Проблеми со пописот уште пред да почне
Проблеми со пописот уште пред да почне

Оставки во Државната пописна комисија, но владата назначи нови лица на нивно место

Проблеми со пописот на населението во Македонија уште пред самиот негов старт.

Претседателката на Државната пописна комисија Весна Јаневска вечерва објави дека се повлекува од функцијата, обвинувајќи членови на комисијата се обидуваат да подготват фалсификат на пописот.

„Колегите од Државната пописна комисија од албанската и од турскиот етникум не оставија ни минимун простор за доверба дека овој попис ќе се одвива така како што треба. Ние се судривме на суштински прашања, а тоа е дали на овој попис може да се употребувца фотокопија од лична карта или пасош, што е апсолутно спротивно на законот и на методологијата на ЕУРОСТАТ“, изјави Јаневска, објаснувајќи ја својата одлука.

До криза во реализацијата на оваа најголема статистичка операција дојде откако заменикот-претседател на Државната пописна комисија Абдулменаф Беџети објави дека поднесува оставка на функцијата. Оваа одлука ја следеа и другите членови на Комисијата, припадници на етнички-албанската заедница во Македонија.

До напушањето на комисијата на овие преставници дојде откако во изминатите неколку денови се појавија големи разлики, пред се` околу попишувањето на странците. Тие бараа да се попишуваат и лицата што во странство престојуваат и повеќе од 12 месеци, што е спротивно на законот.

Идентично барање имаа и претставниците на турската заедница. Членовите на Комисијата, припаднци на турската заедница, исто како и нивните колеги Албанци се решија да ја напуштат работата на ова тело под чија котрола треба да се одвива пописот.

Македонската Влада реагираше веднаш и назначи нови членови на Државната пописна комисија.

Според владината прес-служба, Владата ги именувала Слободанка Гиевска за претседателка, Бујар Османи за потпретседател, а Лазар Трајчев, Живко Пејковски, Орце Тодоровски и Артан Груби за членови на комисијата.

Невладиниот Центар за институционална соработка излезе со соопштение во кое се залага пописот да биде одложен.

„Недостасува потребната професионална и кадровска подготовка за пописот, постојат сомнежи во неговата транспарентност и праведност, додека сè погласни се гласовите дали може да имаме веродостојни и прифатливи резултати за сите етнички заедници“, се вели во соопштението на Центарот за институционална соработка.

XS
SM
MD
LG