Линкови за пристапност

Либиските бунтовници се реорганизираат


Либиските бунтовници се реорганизираат

Либиските бунтовници се реорганизираат

Подемократско, транспарентно лидерство

САД ја поздравија одлуката на либиските бунтовници да направат реорганизација на лидерските функции по мистериозното убивање на првиот човек на бунтовничкото движење.

Портпаролката на Стејт департментот рече дека Транзициониот национален Совет се обидува да ги увери Либијците дека со промените ќе има демократско, транспарентно раководство.

Во понеделникот, опозиционата група ја укина извршната гранка на власта како потег за намалување на тензиите по минатомесечниот атентат врз генералот Абдел Фатах Јунес.

Потпретседателот на Транзициониот национален Совет Абдул Хафиз Гога зборуваше за промените во структурата.

Повеќе од 30 држави, вклучувајќи ги САД, Британија и Франција го признаа Советот на опозицијата како привремена влада на Либија.

XS
SM
MD
LG