Линкови за пристапност

Камерон и Саркози во Либија


Камерон и Саркози во Либија
Камерон и Саркози во Либија

Први странски државници по падот на власта на Моамер Гадафи

Британскиот премиер Дејвид Камерон ветува дека ќе помогне во потрагата по либискиот лидер Моамар Гадафи за да биде изведен пред правдата.

Камерон денеска повика соборениот либискиот лидер и неговите следбеници да се откажат, за време на конференција за печатот во Триполи Британскиот лидер зборуваше заедно со францускиот колега Николас Саркози.

Британскиот премиер Дејвид Камерон и францускиот претседател Никола Саркози се во Либија на разговори со преодната влада. Тие станаа први странски државници кои ја посетија Либија по падот на режимот на поранешниот лидер Моамер Гадафи.

Двајцата лидери треба се на разговори со претседавачот на Националниот транциционен Совет Мустафа Абдел Џалил во Триполи, а потоа ќе заминат на посета на источниот град Бенгази.

Портпаролот на премиерот Камерон рече дека Британија ќе „одмрзне“ околку 950 милиони долари од сметките на Либија.

Британија и Франција се залагаа за акција на НАТО за заштита на цивилите против силите лојални на Гадафи, а официјален Париз прв ја призна преодната влада во Либија.

И турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган треба да ја посети Либија неделава како дел од неговата турнеја по Северна Африка.

Во меѓувреме, вишиот американски дипломат за Блискиот исток Џефри Фелтман ги увери Либијците дека администрацијата на Обама ќе го почитува суверенитетот на државата и рече дека иднината на Либија е во раце на нејзините граѓани.

Тој рече дека го набљудува растечкото влијание на Исламистите врз посекуларните лидери на Либија, но не гледа на тоа како на значајна закана, затоа што како што рече, „новата Либија ќе мора да се навикне да почитува поинакви политички трендови“.

XS
SM
MD
LG