Линкови за пристапност

Компјутерската томографија подобра од рентгенот?


Компјутерската томографија подобра од рентгенот?

Компјутерската томографија подобра од рентгенот?

Навремено тестирање - помала смртност од ракот на белите дробови

Според најново истражување во САД што опфатило активни, но и поранешни пушачи, раното скенирање со компјутерска томографија ја намалува смртноста од рак на белите дробови за 20%.

Информацијата е битна бидејќи овој вид агресивен рак најчесто не се открива навреме, а стапката на смртност е исклучително висока.

Анџела Тауро направила компјутерска томографија во болница на Универзитетот Јеил, по што и` бил отстранет канцероген тумор.

„Останав жива бидејќи направив скенирање, наместо рентген“, раскажува Тауро.

Од 2002-ра до 2004-та година, над 53.000 пушачи на средовечна возраст, кои во просек 30-тина години пушеле по една кутија цигари дневно, учествувале во истражување за раното откривање на ракот на белите дробови. Биле вклучени и поранешни пушачи кои ги откажале цигарите последниве 15 години. Им биле направени скенирања со компјутерска томографија, како и рентгенски снимки.

Научниците утврдиле дека рентгенот не ги регистрирал раните фази на ракот, но компјутерската томографија дала подетална слика.

Стапката на преживување од ракот на бели дробови е мошне ниска. Под 15% од дијагностицираните живеат повеќе од пет години. Сепак, д-р Кристин Берг од Националниот институт против ракот истакнува дека раното скенирање – дури и во мали дози - може драматично да ги зголеми шансите.

„За дијагностицирани со болеста во прва фаза, стапката на преживување во наредните пет години може да биде 60 проценти. Значи, не 100%, но постои напредок“, вели Берг.

Скенирањето има и негативни страни. Над една петина од ваквите тестирања дале погрешни позитивни резултати. Скенирањето во САД не секогаш е опфатено во здравственото осигурување. Во последно време, некои болници започнаа со намалување на цената, само за да ги мотивираат пушачите да се пријават.

Д-р Берг дава едноставен, бесплатен совет – не пушете, а доколку сте пушач, откажете се`.

XS
SM
MD
LG