Линкови за пристапност

Прогноза на директорката на ММФ Кристин Лагард.

Првиот човек на Меѓународниот монетарен фонд е внимателен оптимист за шансите на светската економија. Кристин Лагард вели - светот ја преживеа европската должничка криза, но глобалните еконoмски изгледи и натаму се на тенки нозе.

Порано годинава, грчката должничка криза не беше мака само за жителите на оваа земја - го окупираше вниманието и на светските берзи. Со, условно кажано, сега малку посмирената ситуација во земјата поради новиот меѓународен пакет помош, директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард вака ја оценува ситуацијата: „Има напредок во економската клима. Но, да не се залажуваме, ризикот и натаму е висок, а ситуацијата – кревка“.

За Лагард, еден од најголемите ризици по светската економија е заканата од друга должничка криза, можеби во Шпанија, или Италија. ММФ и Светската банка ќе одржат редовна годишна средба во Вашингтон на 20-ти и 21-ви април. Лагард бара обединет фронт од светските лидери:

„Ризиците и потебите се се` уште големи и би било немудро да се игнорира тој факт“.

Во време кога земјите поединечно се борат со долгови, Лагард потенцира дека на Фондот му требаат дополнителни средства од 187-те земји-членки за да се бори против идните економски кризи. Вели, цената на инфлацијата би можела да биде многу поголема од давањето повеќе пари на Фондот.

Повеќе коментари

XS
SM
MD
LG