Линкови за пристапност

Американец со потекло од Косово уапсен за терористички заговор


Американец со потекло од Косово уапсен за терористички заговор

Американец со потекло од Косово уапсен за терористички заговор

25-годишниот Сами Осмакац планирал напади со огнено оружје и експлозив во Флорида, тврдат властите.

Американските власти уапсија 25-годишен муслиман, натурализиран американски граѓанин со потекло од Косово, за обид со експлозив и огнено оружје да нападне бизниси и други цели во јужната сојузна држава Флорида.

Сами Осмакац бил уапсен во Тампа саботата доцна навечер, по неколкумесечна истрага на федералното истражно биро (ФБИ). Тој е обвинет за обид да употреби оружје за масовно уништување.

Властите тврдат дека Осмакац се сретнал со таен агент на ФБИ од кого се обидел да добие разно огнено оружје, како и автомобил-бомба и експлозивен појас за убиство на што е можно поголем број на луѓе. „Сите мора да умреме, зошто тогаш да не го сториме тоа на исламски начин“, му рекол наводно Осмакац на агентот

Обвинителот Роберт О`Нил кажа дека агентите најпрвин го онеспособиле оружјето и експлозивот што потоа му го дале на Осмакац. Тој ја пофали муслиманската заедница во Флорида за помошта што и ја поттикнала истрагата.

XS
SM
MD
LG