Линкови за пристапност

Разговорите на американскиот државен секретар се со цел да се прекине насилството и граѓанската војна

Американскиот државен секретар Џон Кери се обидува да обезбеди директни разговори меѓу претседателот на Јужна Судан и лидерот на бунтовничките сили во надеж да биде ставен крај на ескалирачкото насилство во земјата.

Кери во Џуба имаше едночасовна средба со претседателот Салва Кир. По средбата со него, Кери рече дека Кир изразил подготвеност да патува на мировни разговори во Етиопија следната недела, на кој се надева дека ќе присуствува и водачот на бунтовниците и поранешниот потпретседател Риек Машар.

Тој рече дека планира да разговара со Машар телефонски во текот на денот.

Државниот секретар ги повика двајцата лидери да ги осудат етнички мотивираните насилства врз цивили. Кери исто така ќе се обиде да преговара за договор за испраќање мировници на Африканската Унија, што е можно побрзо за да запрат престрелките и да се заштитат цивилите.

Борбите во Јужен Судан почнаа во декември откако Кир го обвини Машар за обид за државен удар. Во насилствата загинаа илјадници лица, а раселени се преку еден милион.
XS
SM
MD
LG