Линкови за пристапност

Награди на Центарот Кенеди


Грин, Хенкс, МекБрајс, Томлин, Стинг се овогодишни носители на престижното признание

Овогодишни добитници на престижнaта награда на Центарот Кенеди во Вашингтон се соул-пејачот Ал Грин, актерот Том Хенкс, балерината Патриша МекБрајс, комичарката Лили Томлин и британскиот музичар Стинг.

Ова е 37-ма година по ред како што се доделува признанието за врвни постигнувања во областа на американската културата. Како и секојпат, наградените беа во присуство на американскиот претседател Барак Обама и првата дама Мишел. На настанот настапија редица уметници: Ашер, Марвис Стејплс, Мартин Шорт, Стивен Спилберг, Џејн Фонда, Дејвид Летерман, Лејди Гага, Херби Хенкок, Брус Спрингстин, Бруно Марс. Водител беше комичарот Стивен Колберт.

Телевизиската публика ќе може да го проследи настанот на 30-ти декември на мрежата ЦБС.

XS
SM
MD
LG