Линкови за пристапност

Објавени годишните лауерати на Центарот Кенеди


This undated handout photo provided by the Kennedy Center shows members of Led Zeppelin, from left, John Paul Jones, Robert Plant and Jimmy Page.

This undated handout photo provided by the Kennedy Center shows members of Led Zeppelin, from left, John Paul Jones, Robert Plant and Jimmy Page.

Оскаровецот Дастин Хофман и членови на Лед Цепелин се меѓу седумтемина почестени за 2012-та

Оскаровецот Дастин Хофман, телевизискиот комичар Дејвид Летерман и блуз музичарот од Чикаго, Бади Гај се меѓу седумтемина кои ќе ги добијат овогодишните традиционални признанија од Центарот Кенеди.

Тројцата, заедно со руската балерина Наталија Макарова и тројца членови од британската рок-група Лед Цепелин, клавијатуристот и басист Џон Пол Џонс, гитаристот Џими Пејџ и пејачот Роберт Плант ќе бидат почестени од Центарот за изведувачка уметност Џон Кенеди во Вашингтон за нивниот придонес во американската култура преку уметноста.

На наградените, специјалните признанија ќе им бидат врачени на гала-настан во Центарот Кенеди на 2-ри декември, кој ќе биде пренесуван во живо на националните ТВ канали, подоцна тој месец. Седумтемина ќе учествуваат на свечена вечера во Стејт департментот, чиј домаќин ќе биде државната сектерарка Хилари Клинтон, по што ќе уследи прием во Белата куќа каде ќе ги пречека претседателот Барак Обама.
XS
SM
MD
LG