Линкови за пристапност

Напад на Талебан на американската амбасада во Кабул


Напад на Талебан на американската амбасада во Кабул
Напад на Талебан на американската амбасада во Кабул

Серијата напади го зафатија и седиштето на ИСАФ и целиот кварт со амбасади

Талебанските бунтовници ја презедоа одговорноста за серија напади кои се во тек во авганистанскиот главен град, чија цел се седиштето на меѓународните коалициони сили и згради на локалната власт.

Во нападите имало силни експлозии и пукотници од оружје во близина на седиштето на ИСАФ во Кабул.

Репортерите на Гласот на Америка на терен потврдија за најмалку две експлозии во близина на американската амбасада.

Медиските извештаи велат дека насилството е концентрирано во централниот дел од Кабул, во близина на квартот каде живеат дипломатите.

Талебан објави дека почнува „масивен самоубиствен напад“ врз владини згради и разузнавачката служба на земјата.

Засега нема извештаи за жртви.

Нападот доаѓа само неколку дена откако бунтовниците извршија напад врз база на НАТО во централен Авганистан, при што загинаа четворица Авганистанци, а беа повредени повеќе од 100-тина, вклучувајќи и 77 американски војници.

XS
SM
MD
LG