Линкови за пристапност

Раскажете ја својата имигрантска приказна!


Нов проект на американска непрофитна организација за споделување на искуствата во потрагата по подобар живот

„Welcome.us“ го прогласи јуни за Месец на имигрантското наследство. Непрофитната организација ги поттикнува имигрантите од сите делови на светот, што дошле во САД потрага по подобар живот, да ги споделат своите искуства.

Во САД, со добра идеја и макотрпна работа се` е можно, вели Толу Олубунми, извршна директорка на „Welcome.us“
На официјалната Интернет страница повикува што е можно повеќе имигранти да ја раскажат својата приказна за патешествието до, но и во САД. Нашата историја и приказните ќе помогнат во дефинирање на иднината, потенцира Олубунми, и самата имигрантка.


Во проектот се вклучи и Обединетата македонска дијаспора, чиј претседател Мето Колоски во неговото семејство е прва генерација македонски Американец:

„Македонците доаѓаат во последните 100 години во САД, по разните војни. Има многу Американци со македонско потекло. Битно е да се раскаже нашата приказна пред американската публика“, вели Колоски.

Тој потенцира дека ОМД е меѓу првите учесници во проектот, зашто смета дека „е важно да се гордеме со тоа што нашите претци го направиле.“

Колоски апелира македонските имигранти да ги прашуваат дома постарите да им раскажуваат за тие моменти, самите да истражуваат стари документи и да бараат фотографии.

Се` со цел тој материјал да стане достапен на поширока публика.

„Преку социјалните медиуми. Твитер, Фејсбук. Сакаме луѓето да ни праќаат вакви материјали, да ги документираме како сведоштва за историјата на македонската заедница во САД“, истакна првиот човек на ОМД.

Меѓу партнерите на Welcome.us во иницијативата се корпорации, медиуми, спортисти, актери и политички лидери.
XS
SM
MD
LG