Линкови за пристапност

Вели, САД и Пакистан решиле да ги придвижат односите кон „целосно партнерство“

Американскиот државен секретар Џон Кери вели дека САД решиле да ги придвижат односите со Пакистан во правец на „целосно партнерство“, како и дека двете земји ќе продолжат со преговори за безбедносни прашања на високо ниво.

Коментирајќи по средбите со пакистански претставници во Исламабад, Кери рече дека САД и Пакистан бараат „ефикасни начини“ на кои би се справиле со заедничките предизвици. Подоцна, во интервју за пакистанската државна телевизија, тој сугерираше дека американските напади со беспилотни летала, чија цел се оперативци на Талибан и Ал-Каида во североисточниот, племенски дел на Пакистан, наскоро би можеле да завршат, доколку спласне заканата од милитантите.

Последниве години, американско-пакистанските односи се влошија поради нападите со беспилотни летала, убиството на пакистански војници долж границата со Авганистан во 2011-та, како и поради американската акција во Пакистан во која беше убиен Осама бин Ладен.
XS
SM
MD
LG