Линкови за пристапност

Џон Кери во Сеул


Воените вежби САД-Јужна Кореја не треба да се поврзуваат со обединувањето на корејските семејства, вели првиот човек на американската дипломатија

Американскиот државен секретар Џон Кери и неговиот јужнокорејски колега Јун Бјанг-сен најавија дека ќе продолжат со подготовките за заедничката воена вежба и покрај барањето од Северна Кореја таа да биде одложена или откажана.

За време на вчерашните разговори на високо ниво меѓу Северна и Јужна Кореја, претставници на владата во Сеул наведоа дека е несоодветно властите во Пјонгјанг да го поврзуваат обединувањето на семејствата со годишната воена вежба меѓу САД и Јужна Кореја. Кери денес во Сеул коментираше на иста тема, велејќи дека редовната годишна вежба не треба да се поврзува со такви хуманитарни прашања како што се средбите на семејствата разделени уште од Корејската војна.

Кери е во Јужна Кореја во рамки на азиската турнеја. Тој ја повика Северна Кореја да изнесе докази дека е подготвена да ги почитува преземените обврски и да се откаже од нуклеарните амбиции.

Ова е петта посета на Кери на Азија откако дојде на чело на Стејт департментот минатата година. Покрај Јужна Кореја, тој ќе ги посети и Кина и Индонезија.
XS
SM
MD
LG