Линкови за пристапност

Кери домаќин на израелско-палестинските разговори


Вели, прашањата се тешки, но последиците од тоа да не се преговара би биле уште потешки

Израелски и палестински претставници на средба во Вашингтон дискутираат за наредните чекори во блискоисточните мировни преговори што вчера продолжија по речиси тригодишна пауза.

Повик да постигнат „разумни компромиси“ во преговорите
Џон Кери, државен секретар на САД
Американскиот државен секретар Џон Кери денес ќе се сретне со израелската министерка за правда Ципи Ливни и палестинскиот главен преговарач Саеб Ерекат, а потоа ќе одржи прес-конференција. Кери синоќа ги повика да постигнат „разумни компромиси“ во преговорите, по што организираше вечера во нивна чест.

Шефот на американската дипломатија ги окарактеризира прашањата што се предмет на преговорите како тешки, комплицирани, емотивни и симболични, но коментираше дека би имало уште потешки последици доколку не се преговара за нив.

Поранешниот американски амбасадор во Израел, Мартин Индук, ќе биде главниот американски претставник кој ќе помага во водењето на разговорите.

Тој вчера најави дека ќе стори се` што е во негова можност за да ја оствари визијата на претседателот Барак Обама за Израел и Палестина како две држави кои живеат една покрај друга во мир и безбедност.
XS
SM
MD
LG