Линкови за пристапност

Коми: ИД поголема закана по САД од Ал-Каида


Екстремистичката организација ја интензивира кампањата преку социјалните медиуми, кажа директорот на ФБИ на безбедносна конференција во Колорадо

Директорот на американското Федерално истражно биро (ФБИ) Џејмс Коми смета дека обидите на организацијата Исламска држава (ИД) да регрутира Американци преку Интернет претставуваат поголема закана за САД од Ал-Каида.

Во обраќањето на Безбедносниот форум во Аспен, сојузната држава Колорадо, Коми предупреди дека екстремистичката организација ја интензивира кампањата преку социјалните медиуми.

„ИСИЛ не е она коешто на времето беше Ал-Каида“, рече Коми, користејќи го алтернативно име за ИД. „ИСИЛ брмчи преку мобилниот, на дофат. Присутни се` таму, на Твитер“.

Додека Ал-Каида внимателно ги избира оперативците, Коми кажа дека ИД има широка мрежа и е подготвена да регрутира „нестабилни, проблематични корисници на дрога“.

Првиот човек на ФБИ информираше дека профилите на Твитер, поврзани со ИД, имаат 21.000 следбеници на англиски јазик, од коишто стотици илјади се во САД. ФБИ во моментов води стотици истраги за Американци коишто можеби станале радикализирани и сакаат да извршат терористички напади, според Коми. Тој кажа и дека Бирото не го следело Мухамед Абдулазиз, идентификуван како напаѓачот којошто уби пет армиски припадници во Тенеси.

XS
SM
MD
LG