Линкови за пристапност

Јапонија го намалува увозот на иранска нафта


Јапонија го намалува увозот на иранска нафта
Јапонија го намалува увозот на иранска нафта

Практично застанувајќи на страната на САД кои бараат нови санкции за Иран, Јапонија додава на притисокот

Јапонија вети дека ќе го намали увозот на иранска нафта како поддршка на американските санкции врз Иран чија цел е контроверзната иранска нуклеарна програма.

Министерот за финансии Јун Азуми рече дека Јапонија, која обезбедува 10 отсто од нафтените потреби од Иран, ќе преземе конкретни чекори за намалување на количеството на нафта кое доаѓа од таа земја.

Азуми рече дека Јапонија постојано го намалувала увозот на иранска нафта изминатите пет години. Тој рече дека Токио разбира оти иранското нуклеарно прашање претставува меѓународна загриженост.

Неговите оценки уследија по средбата со американскиот секретар за финансии Тимоти Гајтнер, кој го поздрави потегот на Токио.

Гајтнер се наоѓа на тридневна дипломатска турнеја по Кина и Јапонија. Се обидува да обезбеди меѓународна поддршка за новите санкции кои ќе им забранат на странските банки да водат бизнис со иранската централна банка – низ која минуваат најголемите финансиски трансакции од нарачките на иранската нафта од страна на американските финансиски пазари.

XS
SM
MD
LG