Линкови за пристапност

Кон филмот „На само со господин Картер“


На само со господин Картер
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:54 0:00
Direct link

На само со господин Картер

Разговор со Пол Сандерс, актер од македонско потекло, кој толкува една од главните улоги во кусометражното остварување.

На репертоарот на Македонскиот филмски фестивал во Торонто, што се одржа викендов, се најде и кусометражниот „На само со господин Картер“. Еден од главните ликови во него го толкува канадскиот актер од македонско потекло Пол Сандерс.

Приказната на филмот, чиј режисер и сценарист е Жан Пјер Бержерон, се врти околу момче кое открива дека има чувства за истиот пол.

Инсерт од филмот - На само со господин Картер
please wait

No media source currently available

0:00 0:07:45 0:00
Direct link

Бидејќи е млад, не знае како да ги контролира.

Луѓето имаат различни чувства. Има разни видови на љубов, емоции и врски
Пол Сандерс...

Тој е збунет, коментира актерот Пол Сандерс, кој го игра соседот од маалото - поранешен полицаец, во врска со невротична девојка, а во кого е заљубено момчето.

Сандерс смета дека неговиот лик не е хомофобичен и се обидува да му помогне на момчето. Филмот за него носи моќна порака.

„Светот е различен. Луѓето имаат различни чувства. Има разни видови на љубов, емоции и врски“ вели Сандерс за Гласот на Америка.

Сандерс се надева дека пораката ќе допре до поширокиот аудиторум.

„Живееме во модерно доба, 2012-та, и светот треба да биде полиберален за сексуална ориентацијата, чувствата... Ако сакаме светот да „преживее“, мора да бидеме пофлексибилни, и повеќето би се сложиле“, додава канадскиот актер од македонско потекло.

Филмот е снимен за една недела на улиците на Монтреал, градот познат по европскиот „шмек“ што ја привлекува филмската индустрија. Сандерс открива дека само што завршил со снимањето на главна улога во канадски долгометражен филм за професор по англиски, кој по мозочен удар успева да се пробуди од кома, но говори во стилот на сонетите на Шекспир.
XS
SM
MD
LG