Линкови за пристапност

Со ултравиолетова светлина против болничките инфекции


Со ултравиолетова светлина против болничките инфекции

Со ултравиолетова светлина против болничките инфекции

Проблемот во САД убива повеќе луѓе од СИДА-та, ракот на дојката и автомобилските несреќи заедно.

Според Светската здравствена организација, годишно стотици илјади луѓе заболуваат од смртоносни болести поради бактерии отпорни на антибиотици. Ваквите бактерии напати демнат - во болниците. Компанијата Зенекс со седиште во Тексас можеби има оригинално решение за проблемот - машина што со емитување на снопови ултравиолетова светлина пенетрира во микро-организмите и ги убива.

„Ултравиолетовите зраци со силен интензитет пенетрираат во клеточните ѕидови на микро-организмите, нивната ДНК го апсорбира зрачењето, а тоа спречува секаков вид на мутација“, обкаснува д-р Марк Стибик, соосновач на компанијата Зенекс.

Машината може да третира просторија за само неколку минути, елиминирајќи поголем дел од бактериите, особено на површината на предметите во неа.

Брајан Крувер, извршниот директор на Зенекс, проблемот го искусил на сопствена кожа. Пред неколку години добил инфекција додека бил во болница.

„Појдов на рутинска процедура, а завршив со инфекција“, вели Крувер.

Два месеца интензивно земал антибиотици за да заздрави. Ова го натерало да го согледа проблемот.

„Болничките инфекции се четврта по ред водечка причина за смртност, дека убиваат повеќе луѓе од СИДА-та, ракот на дојката и автомобилските несреќи заедно. Тоа е шокантно“, коментира Крувер.

Зенекс е мала компанија, но со потенцијал да се шири - Крувер наведува дека болничките инфекции се - глобален проблем.

XS
SM
MD
LG