Линкови за пристапност

САД ја реафирмираа посветеноста на борбата против трговијата со луѓе


Ширум светот, 27 милиони мажи, жени и деца се жртви на ова зло, рече државната секретарка Клинтон.

Владата на САД ја реафирмира својата определба за ставање крај на трговијата со луѓе, истакна американската државна секретарка Хилари Клинтон на годишниот состанок на работната група што ја основа претседателот Барак Обама за борба против ова ропството на денешницата.

Клинтон подвлече дека во септември ќе се навршат 150 години од Прокламацијата за еманципација на тогашниот претседател Абрахам Линколн. Со наредбата издадена за време на Граѓанска војна беа ослободени илјадници афро-Американци кои беа робови во бунтовничките јужни сојузни држави. Годишнината е добра можнист САД да ја реафирмираат определбата за „ветувањето за слобода“, рече државната секретарка.

„Ширум светот околу 27 милиони мажи, жени и деца се жртви на ова зло. Ги поткопува економиите и владеењето на правото, ги разнишува семејствата и заедниците. Тоа е директно против нашите фундаментални вредности“, потенцираше Клинтон.

Првиот човек на американската дипломатија ги издвои Националниот акционен план за жените, мирот и безбедноста, како и странската помош за 37 земји ширум светот како показатели дека владата на Обама постигнала резултати. Минатата година во рамки на Годишниот извештај за борбата против трговијата со луѓе што го изработува Стејт департментот, веќе втора година по ред беше оценета и ситуацијата во САД. Клинтон, која е иницијатор на идејата, истакна дека е важно кога американските претставбици ги оценуваат другите земји, да се оценуваат и себеси.

XS
SM
MD
LG