Линкови за пристапност

Затворањето на теснецот Ормуз – опасна провокација


Затворањето на теснецот Ормуз – опасна провокација

Затворањето на теснецот Ормуз – опасна провокација

Угледен весник вели дека САД испратиле јасна порака до Ајатолахот Каменеи

Њујорк Тајмс цитираше неименуван американски официјален претставник дека Вашингтон испратил порака до иранскиот верски лидер Ајатолахот Каменеи - дека затворањето на Теснецот Ормуз ќе испровоцира американски одговор.

Извештајот посочува дека пораката била пренесена преку швајцарската влада, што е вообичаен пат на комуникација на Вашингтон со иранските лидери.

Иран неодамна се закани дека ќе го затвори теснецот, кој претставува витална маршрута за танкерите кои пренесуваат нафта низ светот. Американската државна секретарка Хилари Клинтонја оцени заканата како „провокативна и опасна“.

Американско-иранските тензии се зголемија по атентатот во Техеран врз иранскиот научник за нуклеарна програма. Иран ги обвини САД и Израел дека стојат зад нападот и побара осуда од Советот за безбедност на ОН.

Израел и САД негираа вмешаност во атентатот. Но, американскиот секретар за одбрана Леон Панета рече дека имаат идеи кој би можел да биде одговорен за убиството на научникот.

XS
SM
MD
LG