Линкови за пристапност

Нови видови може да се претци на модерниот човек


Нови видови може да се претци на модерниот човек
Нови видови може да се претци на модерниот човек

Нови детали за семејното дрво на човекот. Меѓународен тим на истражувачи за журналот Наука пишуваат дека фосили најдени во јужноафриканска пештера можеби припаѓаат на нови видови од почетоците на развојот на човекот со уникатно место во еволуцијата на денешниот хомо сапиенс

Во експедицијата во Малапа, Јужна Африка, американскиот палеонтолог Ли Бергер направил несекојдневно откритие; фосилизирани коски од човек, налик на жена и момче, закопани во пештерата. Двајцата, веројатно мајка и син, живееле пред речиси два милиони години во време кога антрополозите веруваат дека првите денешни луѓе почнале да чекорат на Земјата.

Новиот вид е наречен хоминис се наречени Аустролопитакус садиба:

„Најточни податоци за времето кога се верува дека датираат претците од Африка се околу 1.977 милиони години, а Аустролопитакус садиба е најдобар кандидат за предок кој водел до создавање на хомо сапиенсот“, вели Бергер.

Откриените скелети покажале дека хоминисот имал мозок во големина на мајмун, но колкови и карлица на човек. Тие чекореле исправено и имале долги нозе, но се качувале по дрвја со помош за раце поголеми и од мајмуните.

Ко-авторот на извештајот, Трејси Кивел, од Институтот за еволутивна антропологија Макс Планг во Лајпциг, Германија, вели дека раката на жената била мешавина на примитивни и модерни особини.

Имено, раката, која била најкомплетна во досието на Аустролопитакус садиба – има денешен облик, но со долг палец и куси, искривени прсти, што претставува знак за грчевито држење.

Научниците користеле и моќен скенер за рентгенски зраци со цел да добијат фотографии во висока резолуција од неговиот мозок. Кристијан Карлстон од Универзитетот Витватерстанд во Јужна Африка вели дека мозокот има големина на мајмун, сместен зад областа каде биле сензорите за мирис, сугерира дека Аустролопитакус садиба имал понапреден систем за размислување.

Фосилите имале и поцелосна карлица како и оформено стапало со Ахилова пета. Инаку, петата и кожата и коските биле повеќе налик на мајмуните.

Со склопување на мозаикот, откритието предизивика дебата за тоа каде всушност припаѓа човекот на развојната патека.

Консензусот, кој беше објавен во журналот Наука е дека Аустролопитакус садиба ги претставува традиционалните видови на Хомо, веројатно претци на Хомо еректусот, кој водел до нашиот вид – Хомо сапиенсот.

XS
SM
MD
LG