Линкови за пристапност

Холивуд во минута


Викендов Палмс Спрингс беше место да се биде виден, на тамошниот меѓународен филмски фестивал

Холивуд викендов се пресели во Палмс Спрингс, на тамошниот меѓународен филмски фестивал. Меѓу почестените: ветеранот Брус Дерн за „Небраска“ и Том Хенкс за „Капетанот Филипс“. Камерата ги улови и Мерил Стрип и Сандра Булок.

* * *

По стапките на Шварценегер, од актер – политичар: Стивен Сигал размислува да се кандидира за гувернер на Аризона. Мајсторот на боречките вештини сака да ја зајакне граничната безбедност.

* * *

Поп-сензацијата Кеша ги изненади сите кога појде на 30-дневно лечење, но не од дрога и алкохол, туку од нарушена исхрана. Вели, сака повторно да се засака, онаква каква што е.

* * *

Можеби поради ниските температури, анимираниот „Замрзнати“ доминираше во кино-салите првиот викенд на новата година со заработувачка од 20,7 милиони долари. На второ место хоророт „Паранармална активност – обележаните“, а на трето „Хобит“.
XS
SM
MD
LG