Линкови за пристапност

Холивуд во минута


Зелената боја, и тоа полеана, доминираше на наградите Детски избор саботата навечер во Лос Анџелес.

25-то издание на наградите Детски избор на каналот Ник`лодеон, на кој по традиција, гостите се полеваат со зелена боја. „Никој нема да биде поштеден“, најави водителот Вил Смит. Дури ни Хали Бери. Освен, се разбира, првата дама Мишел Обама, која ја додели наградата „Најдобар помагач“ на Тејлор Свифт за нејзината хуманитарна активност.

***

Ворнер Брадерс го отворија за посетители студиото близу Лондон каде се снимаа филмовите за Хари Потер. Обожавателите на момчето-волшебник ќе можат да ги костумите и илјадници други предмети од популарната серија филмови.

***

Тинејџерскиот хит „Игри на гладта“ со заработувачка од 61 милиони долари, втор викенд по ред најгледан филм во САД. „Гневот на титаните“ на второ место со 34 милиони.

XS
SM
MD
LG