Линкови за пристапност

Холивуд во минута


Холивуд во минута
Холивуд во минута

Анџелина Џоли – една од презентерките на Оскар

Бред Пит можеби се надева на Оскар за улогата во „Манибол“, но неговата сопруга посекако ќе биде на бината на доделувањето на престижните статуетки. Анџелина Џоли е една од неколку холивудски ѕвезди кои како презентерки ќе га објават добитниците на Оскар.

Холивуд во минута
Холивуд во минута

***

Дензел Вашингтон и Рајан Рејнолдс продефилираа на црвениот килим на премиерата на акциониот трилер „Засолниште“ во Њујорк. Популарниот Вашингтон игра опасен одметник од ЦИА, по кого трага Рејнолдс како млад агент на разузнавачката агенција.

***

Христијанската верба – причина за драматична промена во кариерата на манекенката Кајли Бисути, која неодамна доби шанса да им се придружи на познатите Жизел и Тајра да ја рекламира долната облека од колекциите на “Викторија сикрит“. Иако беше избрана меѓу 10.000 манекенки да стане нов „ангел“ на престижната компанија, таа реши да се повлече поради верското уведување, но не се откажува од манекенството – целосно облечена.

XS
SM
MD
LG