Линкови за пристапност

Холивуд во минута


Мртов човек во базенот на Деми Мур; сопругата на Џони Деп во неволја

Полицијата во Лос Анџелес ја истражува смртта на лицето пронајдено мртво во базенот на куќата на актерката Деми Мур. Според полицијата, 21-годишникот не е член на семејството, туку знаел некого којшто имал пристап до базенот.

***

Сопругата на актерот Џони Деп е во неволја. Властите во Австралија покренаа обвинение против Амбер Херд дека нелегално ги прокриумчарила нивните две кучиња Пистол и Бо во земјата, додека Дип снимал филм. Херд треба да се појави на суд во септември.

***

„Човекот-мравка“ – најгледан филм изминатиот викенд во кино-салите во САД. Заработи 58 милиони долари. Анимираниоpт „Минионс“ заработи 50,2 милиони долари во втората недела од прикажувањето. А комедијата „Trainwreck“ со Еми Шумер е на третото место со заработувачка од 30,2 милиони долари, што претставува едно од најголемите успеси во категоријата - комедијата ова лето.

XS
SM
MD
LG