Линкови за пристапност

Експериментална терапија за леукемија


Експериментална терапија за леукемија
Експериментална терапија за леукемија

Истражувачите од универзитетот во Пенсилванија генетски го модификуваа имунолошкиот систем на клетките-Т на пациентот, трансформирајќи ги во клетки од типот на „сериски убиец“, кои се насочуваат против ракот

Хронична лимфоцитна леукемија се манифестира со бавно зголемување на белите крвни клетки во имунолошкиот систем, наречени Б- лимфоцити. Овие клетки од типот Б се дел од коскената срж, сунѓерастото ткиво во внатрешноста на коските, кое создава црвени крвни клетки. Здравите крвни клетки ја губат битката со клетките од типот Б, пациентот има недостаток од коскена срж, и без нејзина трансплатација – умира.

Трансплантацијата на здрава коскена срцевина од донатор е единствен третман и потенцијален лек за хроничната лимфоцитна леукемија. Но, мошне е тешко да се најде соодветен донатор и заболени од овој вид на леукемија вообичаено умираат – чекајќи на тоа. Дури и со трансплантирање, експертите велат дека само половина од пациентите преживуваат.

Тројца пациенти оваа болест беа дел од истражувањето на Универзитетот во Пенсилванија.

Карл Џун е професор по патологија и лабараториска медицина при Центарот за рак Абрамсон, кој беше водечки автор на студијата:

„Резултатите ги надминаа и најсмелите очекувања. Тројцата пациенти имаа одлична реакција на третманот и се ослободија буквално од големо количество лекемија во нив“, вели доктор Џун.

Двајца од тројца пациенти сосема се опоравиле и третиот имал голем напредок.

Клетките од типот-Т генетски се модифицирани користејќи безопасен вирус, кој користи анти-тела наречени Кимерик антиген рецептор или КАР. Антителата се протеини од имунолошкиот систем кои се произведуваат како одговор на инфекцијата.

КАР е дизајниран да создаде уште еден протеин, наречен ЦД19, кој се наоѓа на површината на нормалните Б-лимфоцити, како и над сите леукемични клетки.

Научниците велат дека модифицираните клетки од типот Т се вбгризгуваат во пациентите по стандардната хемотерапија и се „вдомуваат“ во канцерогените клетки од типот Б и коскената срж , при што секоја лимфоцит од типот Т убива илјадници клетки на рак.

Новиот третман е опишан во журналот по медицина Њу Ингланд. Таму истражувачите тврдат дека целосно се избришани канцерогените клетки кај 64 годишен пациент со хронична лимфоцитна леукемија. По три по шест месеци подоцна истражувачите не забележале никакви знак на болест.

Коскената срцевина на пациентот почнала да произведува здрави клетки од типот Б кои ги заменувале оние кои биле уништени со терапијата.

XS
SM
MD
LG