Линкови за пристапност

Со фотографии против пушењето


Со фотографии против пушењето

Со фотографии против пушењето

Американската Управа за храна и лекови со прикази на заболени од рак во кампања за опасностите од цигарите

Американската управа за храна и лекови објави серија експлицитни фотографии што ќе најдат на секоја кутија цигари, како предупредување за опасностите од пушењето.

На фотографиите се гледаат гнили заби, уништени бели дробови и пациенти со рак пред умирање. До октомври наредната година тие ќе се најдат на секоја кутија цигари. Исто така, предупредувањата за опасностите од пушењето мора да сочинуваат една петина од сите реклами за цигари.

Ваквите одредби се дел од Актот за спречување и контрола на пушењето во семејствата од 2009-та, што и` дава овластување на федералната влада да ги регулира тутунските продукти.

Иако пушењето е во опаѓање со децении, најновите истражувања покажуваат дека околу 20% од Американците се` уште пушат.

Американските кутии на цигари веќе на себе носат текстуално предупредување, но многумина велат дека тоа не е доволно.

Произведителот на цигари Ар-Џеј Рејнолдс ја доведе во прашање легалноста на новото предупредување преку жалба во федерален суд, истакнувајќи дека фотографиите отежнуваат или прават да биде невозможно да се рекламира производот.

XS
SM
MD
LG