Линкови за пристапност

Технологии за „зелена“ влада


Технологии за „зелена“ влада

Технологии за „зелена“ влада

Изложба во Вашингтон: еколошки решенија против глобалното затоплување.

Додека светските лидери во Дурбан, Јужна Африка деновиве расправаа на конференција за климатските промени, во Вашингтон се одржа манифестација изложба на најновите технологии за подобра животна средина.

Се` во знакот на природното, незагаденото - зеленото. „Зелени“ производи, „зелени“ направи што штедат енергија, од светилки до транспортни средства. Сето ова на изложбата Технологии за „зелена“ влада во главниот американски град.

Изложувачите како искусни трговци ги фалеа производите – од возило што минува приближно 200 милји на едно полнење, до технологија што користи енергија од ветрот за да го намали загадувањето од јаглерод диоксид.

Меѓу изложувачите кои нудеа еколошки алтернативи на традиционалното осветлување беше и Роберт Ален од компанијата Лума рисорсис, која претседателот Обама ја спомена во годишното обраќање до нацијата.

“Произведуваме соларни керамиди. Ем се соларен генератор, ем го штитат покривот“, вели Ален.

Можеби најголемата атракција на шоуто, барем за екипата на Гласот на Америка, беше Трикс, возило на три тркала што генерира енергија на удолници.

На изложата се одржаа и бројни дискусии за алтернативните видови на енергија, животната средина и за подготовките за еден долгорочен тренд на глобалното затоплување.

XS
SM
MD
LG