Линкови за пристапност

Нагол пад на американските берзи веднаш по отворањето


Нагол пад на американските берзи веднаш по отворањето
Нагол пад на американските берзи веднаш по отворањето

Ги отсликува загубите на европските и азиските пазари

Американските берзи забележаа нагол пад веднаш по денешното отворање, отсликувајќи ги загубите на европските и азиските пазари.

Индустрискиот просек Доу Џонс на 30 клучни акции е помал за 3%, а С&П за 3,2%. Индексот НАСДАК падна за 3,8%.

На падот му претходеа владин извештај на Одделот за труд според кој индексот на потрошувачките цени минатиот месец нараснал за 0,5%, како и напис во Њујорк Тајмс дека Одделот за правда врши истрага против кредитната агенција Стандард енд Пурс за наводно погрешно рангирање на хипотекарните хартии од вредност што играа главна улога во рецесијата во САД во 2008-ма година.

XS
SM
MD
LG