Линкови за пристапност

Научниците открија улога на гените во хроничната болка


Научниците открија улога на гените во хроничната болка
Научниците открија улога на гените во хроничната болка

Болката може да се контролира со скратување на генот поврзан со упорната болка, велат истражувачите

Милиони луѓе во светот секој ден страдаат од хронична болка поради разни здравствени пробеми, вклучувајќи артритис, проблеми грбот и главоболки.

Експерите велат дека дијабетесот е се` позастапен во светот, може да предизвика болка на нервниот систем, и особено се одразува во болка на нозете и стапалата. Но, никој не точно не знае колку луѓе страдаат од дневни болки од фибромиалгија, која предизивикува болки во целото тело и слабост.

Експерите велат дека хроничната болка е различна од феноменот на акутна болка, која честопати е неопходна за преживување и заштита, како на пример, ако допрете жешка рингла на шпорет, веднаш ја тргате раката спречувајќи поголема повреда.

Но, хроничната болка, според професорот по фармакологија Петер Мекнотон од Универзитетот Кембриџ во Британија е како аларм кој никогаш не престанува да ѕвони:

„Може да биде многу тешко и многу ограничувачки за секого што страда од ваква болка што станала хронична“, вели тој.

Тоа го доживеал Тревор Герсон, студент по медицина при Универзитетот на Небраска во САД. Страдал од интензивна болка секој ден, предизвикана од истегнување на нервните влакна околу мускули, што ги држеле да не бидат дислоцирани.

На скалилото од еден до десет за болка, Герсон вели дека нивото на неговата дневна болка честопати е на највисокото скалило:

„Имам добри и лоши денови. Во добрите денови болката е на петтиот степен, а во лошите меѓу 9 и 10. Честопати има болка и за 10“, вели тој.

Човечкиот ген наречен ХЦН2, одговорен за креирање нервни завршетоци кои резултираат со интензивна болка бил откриен пред 15 години, но Мекнотон вели дека истражувачите од Кембриџ ја откриле неговата улога во контролирање на болката.

Тој предвидува дека за пронаоѓање лек за хроничната болка може да се потребни помалку од четири години.

Но студентот по медицина и пациент кој страда од хроночна болка, Герсон, е внимателен оптимист:

„Познато ми е истражувањето за кое се зборува. Многу ветува, но .... засега е само тоа, ветување“, вели тој.

Извештајот за истражувањето од Универзитетот Кембриџ за гените кои создаваат хронична болка е објавено во журналот Наука.

XS
SM
MD
LG