Линкови за пристапност

Гајтнер го повика ММФ да назначи привремен директор


Гајтнер го повика ММФ да назначи привремен директор

Гајтнер го повика ММФ да назначи привремен директор

Американскиот секретар за финансии меѓу редицата политичари кои проговорија за случајот Строс-Кан.

Американскиот секретар за финансии Тимоти Гајтнер го повика Меѓународниот монетарен фонд формално да назначи привремен директор додека актуелниот Доминик Строс-Кан е во притвор под обвинение за обид за силување.

Гајтнер е еден од неколкуте финансиски лица од меѓународната заедница кои проговорија за случајот и иднината на Фондот. Австриската министерка за финансии Марија Фектер рече дека Строс-Кан треба да поднесе оставка за да се сочува угледот на меѓународната финансиска институција. Нејзината шпанска колешка Елена Салгадо изрази дека сочусвтвува со жената која била жртва на наводниот напад.

Кинески и бразилски претставници сугерираа дека новиот директор треба да дојде надвор од Европа. Според германската канцеларка Ангела Мркел, светските лидери не треба да избрзуваат и да му судат на Строс-Кан, но затоа рече и дека Европа има добри кандидати што може да дојдат на негово место.

Строс-Кан, кој е во притвор во САД и под надзор да не изврши самоубиство, се изјасни како невин. Според обвинението, тој сексуално нападнал собарка во луксузен хотел во Њујорк. Неговото следно рочиште е закажано за петок.

XS
SM
MD
LG