Линкови за пристапност

Форбс: Филантропот Гејтс е најбогат


Ново име на листата – кошаркарската ѕвезда Мајкл Џордан

Филантропот Бил Гејтс останува најбогат човек на светот.

На годишното издание посветено на најбогатите луѓе во светот, Форбс објави дека ко-основачот на Мајкрософт сега има речиси 80 милијарди долари, три повеќе од лани, и покрај подарокот од 1,5 милијарда долари од акциите од телекомуникацискиот гигант на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс во ноември.

Мексиканскиот телекомуникациски могул Карлос Слим е на второто место со богатство од 77,1 милијарди долари.

Најпознато ново име на листата е поранешната кошаркарска ѕвезда Мајкл Џордан, со богатство од една милијарда долари, благодарение на мнозинскиот пакет акции со тимот Шарлот хорнетс во НБА и вносниот маркетинг со спортската марка Најки.

Од 1826 членови на листата на најбогати на Форбс, 46 се под 40-годишна возраст, а половина од нив го стекнале богатството благодарение на технологијата.

XS
SM
MD
LG