Линкови за пристапност

Ограничена пловидбата на Мисисипи


Ограничена пловидбата на Мисисипи

Ограничена пловидбата на Мисисипи

Властите предупредуваат дека рекордните поплави може да траат со недели

Американската крајбрежна стража ја ограничи пловидбата во надојдениот дел на Мисисипи во јужниот дел на САД. Новото на реката е на највисоко ниво во последниве неколку децении.

Одлуката што го опфаќа текот на Мисисипи во должина од 24 километри, а во близина на местото Натчез, е со цел да спречи евентуално оштетување на насипите од бродовите и неконтролирано излевање. Властите наведуваат дека доколку реката биде затворена на подолго време, ќе дојде до големи економски последици во трговијата со житни производи.

Инженерскиот корпус на Армијата на САД намерно испушти дел од водата од браната Морганза, во обид да се избегнат поплави на главниот град на Луизијана, Батон Руж и најголемиот град во сојузната држава, Њу Орлеанс. Но, со тоа беа поплавени стотици домови и земјоделски поседи. Гувернерот на Луизијана Боби Џиндал ги предупреди жителите дека поради рекордно високото ниво на Мисисипи, многу делови ќе останат поплавени со недели.

Заради вонредната ситуација и натаму се раселени околу 4.000 жители на Луизијана и преку 4.800 од Мисисипи. Властите предупредуваат дека поплавите на крај може да погодат и до 25.000 лица.

XS
SM
MD
LG