Линкови за пристапност

Храната поевтинила во декември


Храната поевтинила во декември

Храната поевтинила во декември

Обединетите нации велат дека ова се должи на помала побарувачка и подобра жетва

Организацијата за храна и земјоделство при ОН објави дека цената на храната на светско ниво паднала за 2,4 проценти во декември минатата година.

Денешниот извештај на ФАО рече дека ова се должи на намалување на побарувачката и богатата жетва на жито, и производството на шеќер и масло. Севкупно, цената на храната бележи пад од повеќе од 11 проценти од ланскиот февруари, кога беше на највисоко ниво.

Иако од неодамна има пад на цените на храната, на глобално ниво тие остануваат повисоки од вообичаеното.

ФАО вели дека неизвесноста околу глобалната економија, пазарите со вредноста на валутите и цените на енергетските ресурси, прават тешко да се предвиди како ќе се движат цените на храната во иднина.

XS
SM
MD
LG