Линкови за пристапност

Масната храна поттикнува чувство на природна „опиеност“


Масната храна поттикнува чувство на природна „опиеност“

Масната храна поттикнува чувство на природна „опиеност“

Дали сте се запрашале зошто храна која знаете дека е штетна по здравјето, како чипс или пржени компири, е толку вкусна? Одговорот лежи во фактот што таа поттикнува исти биохемиски реакции во нашиот организам, како што прави марихуаната, на пример

Порано имаше една стара телевизиска реклама во САД во која се потенцираше дека одреден производ на чипс е толку вкусен, што едностравно не можете да му оддолеете. Тоа е поточно отколку што би мислеле.

Даниел Пилмонели е професор по фармакологија и биохемија при Универзитетот Калифорнија и директор на Центарот за истражување на лекови и развој во Џенова, Италија. Тој вели дека маснотиите се важна компонента од мембраната на човечките клетки. И храната со големи маснотии што е ретка во дивината, кај првите луѓе се сметала за многу вредна награда. Како резултат на тоа, Пилмонели вели дека човекот развил биолошки инстикт со кој преферирал храна со многу маснотии.

„Инстиктот во организмот кои еволуирал и заради кој животните јаделе колку што можат повеќе, сега работи против нас, затоа што имаме храна богата со маснотии насекаде околу нас. Јадеме храна со маснотии од нашите фрижидери, во канцелариите, во кујната и многу е лесно зда јадеме повеќе отколку што треба поради долгата еволуција.“

Пилмонели вели дека храната со зголемен процент на маснотии кога ќе допре до горниот дел на човековиот дигестивен систем, поттикнува производство на ендоканабинојдс. Тоа е истата состојка, како хемискиот состав на марихуаната, канабисот, што го стимулира мозокот.

Ендоканабинојдс испраќа порака до мозокот која му вели на организмот да продолжи да јаде. Пилмонели и истражувачите откриле каков е патот на мастите при истражување на експеримент со глувци:

„Им дадовме масло. Непреработено. Емулзија на маслена вода. Ја обожуваа“, вели тој.

Пилмонели вели дека глувците не ја сакале засладената вода или водата збогатена со протеини. Тој вели дека глувците продолжиле да конзумираат маслена вода, додека не се заситиле, што е природен сигнал на организмот да запрат со јадење.

Според него, истражувачите за заинтересирани со развивање на лекови кои ќе спречат ендоканабиодис да го поттикнува дигестивниот дел на луѓето да продолжат да јадат повеќето отколку што им треба.

Извештајот за откритието кое стимулира конзумирање на масна храна е објавено во Журналот на националната академија на науки.

XS
SM
MD
LG