Линкови за пристапност

Состанок на ЕУ за мигрантската криза


Министрите за внатрешни работи на Британија, Франција и Германија повикаа на итна акција за справување со предизвиците oд бранот мигранти

Тие издадоа заедничко соопштение во неделата и побараа од актуелниот претседавач со ЕУ, Луксембург, да организира состанок во следните две недели.

Состанокот на коишто ќе учествуваат министрите за правда и внатрешни работи ќе се одржи на 14-ти септември во Брисел со цел како што наведоа да „се зајакне европскиот одговор“.

Карактеризирајќи ја состојбата како „вонредна“, министрите повикаа на подобро процесирање на мигрантите од Италија и Грција, двете земји во коишто Меѓународната организација за миграција објави дека се главни точки каде 322.000 лица стасале до нивните копна лани откако го минале Медитеранот.

XS
SM
MD
LG