Линкови за пристапност

Ден на ЕУ против трговијата со луѓе


Ден на ЕУ против трговијата со луѓе
Ден на ЕУ против трговијата со луѓе

ОБСЕ повика владите да се спротистават на овој денешен вид на ропство

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) по повод денешниот Ден на ЕУ против трговијата со луѓе ги повика владите да се спротистават на овој денешен вид на ропство.

Портпаролката Марија Грација Џиамаринаро изјави дека ова зло не смее да се толерира во светот денес. „За трговијата со луѓе нема место во едно цивилизирано општество“, рече Џиамаринаро.

ОБСЕ наведува и дека последиците од трговијата со луѓе досегаат далеку преку границите на ЕУ. Голем број на жртвите потекнуваат надвор од Европа, но завршуваат во регионот, каде се префрлени од страна на групи на организиран криминал.

Денот против трговијата со луѓе се одбележува во голем број земји-членки на ЕУ, во надеж дека ќе помогне во конзистентното спроведување на имиграционата и трудова политика.

XS
SM
MD
LG