Линкови за пристапност

Ерван Фуере: Членството во ЕУ е единственото решение за Македонија


Интервју со сегашниот аналитичар на Центарот за европска политика во Брисел, а поранешен амбасадор на ЕУ во Македонија

Глас на Америка: Европскиот совет за прв пат од 2005-та не ја спомена Македонија во препораките. Ваш коментар?

Ерван Фуере: Тоа е за жалење. Мислам дека е одраз на загриженоста на многу земји-членки, иако не го кажуваат тоа јавно, за состојбата со демократијата во Македонија - отсуството на политички дијалог, недоволниот напредок во надминување на штетата од драматичните настани од 24-ти декември. Тоа не е имиџ за една земја - кандидат за ЕУ. Нема алтернатива на политичкиот дијалог, консензусот и почитувањето на слободата на медиумите.

Глас на Америка: Македонија е конструктивна, топката е кај Грција или, пак, обратно, Грција е конструктивна, топката е кај Македонија. Како да се надмине овој затворен круг со префрлање на вината во преговорите за името?


Ерван Фуере: Секако, не
Македонците секогаш ќе бидат Македонци. Жално е ако спорот со името се злоупотребува за собирање на внатрешно-политички поени
​помага. Постои јасна потреба и за Македонија, и за Грција, да седнат на маса и да го решат проблемот. Грција, со оглед дека го презема претседателството со ЕУ следната година, треба да биде пример, меѓу другото и затоа што е автор на Солунската агенда пред 10 години, да стори се` за да дојде до договор со Македонија. Од друга страна, Македонија треба да ги остави емоциите настрана. Многупати сме рекле дека спорот не е за идентитетот, туку за името. Тоа не е фер, но е реалност. Единствениот начин да се реши е преку дијалог. Македонците секогаш ќе бидат Македонци. Жално е ако спорот со името се злоупотребува за собирање на внатрешно-политички поени.

Глас на Америка: Членството во ЕУ и НАТО е стратешка цел на Македонија. Меѓутоа, има ли алтернатива на евроатлантската перспектива?

Ерван Фуере: Нема алтернатива. Секако дека тоа е избор на секоја држава. Но, како што сме виделе низ историјата на европската интеграција, предностите и можностите што се нудат се големи. Се` додека Македонија не започне со преговорите, ќе биде во тешка ситуација. Членството во ЕУ е единственото решение.

Глас на Америка: Хрватска од 1-ви јули и официјално е дел од ЕУ. Која е иднината за останатите од регионот?

Ерван Фуере: Дава добар пример дека со определеност и компромис, можно е да се надминат сите предизвици при пристапувањето. Не постои причина зошто и другите да не го сторат истото. Мислам дека ќе внесе нова динамика, заедно со одлуките за Србија и за Косово. Да се надеваме дека Македонија еден ден ќе сфати дека само со суштински реформи, ќе може да им се приклучи на другите.

Повеќе коментари

XS
SM
MD
LG