Линкови за пристапност

Демонстранции во Египет; барања за цивилна власт


Демонстранции во Египет; барања за цивилна власт

Демонстранции во Египет; барања за цивилна власт

Порака до армискиот врв да заврши со транзицијата на власта

Илјадници демонстранти се упатија кон главниот плоштад Тахир во Каиро со барање за ставање крај на владеењето на армискиот врв во земјата. Десетици илјади гневни Египѓани почнаа да се собираат на исконскиот плоштад скандирајќи „слобода, слобода“. Демонстранти го окарактеризираа собирот како последна шанса за владејачкиот армиски Совет со цел да се повлече од власта.

Наместо да ја префрли власта во раце на цивилни лица, армискиот Совет го најави изборот на новиот премиер Камал Ганзоури, кој претходно ја извршуваше истата функција под режимот на Хосни Мубарак.

Во меѓувреме, демонстрантите добиваат се поголема вербална поддршка од САД. Белата куќа соопшти дека египетските армиски власти мора да ја забрзаат транзицијата кон цивилно управување со земјата.

XS
SM
MD
LG