Линкови за пристапност

Во април помалку невработени, но не и многу повеќе нововработени


Невработеноста паднала за 0,1% на 8,1%, но вработени само 115.000 - далеку под 160.000, колку што проценуваа економистите.

Стапката на невработеност во САД во април опаднала, но бројот на невработени бележи само благ пораст, според најновите владини податоци.

Владиниот Оддел за труд соопшти дека невработеноста минатиот месец се намалила за 0,1% на 8,1%. Но, веќе втор месец по ред, поголем број на работници го напушта пазарот на трудот и тој не е вклучен во владиното истражување за економската слика на земјата.

Во април биле вработени 115.000 лица – далеку под 160.000, колку што проценуваа економистите, и под 120.000, колку што работни места беа отворени во март. Американската економија добиваше по речиси 250.000 нови работни места месечно на почетокот на годината. Економското закрепнување во САД се` уште оди бавно по големата рецесија во 2008-ма и 2009-та - најголемата од Големата депресија во 1930-те.

Економијата се издвои како доминантно прашање во кампањата пред претседателските избори во ноември годинава.

Претседателот Барак Обама се кандидираше за уште еден четиригодишен мандат. Иако тој лично и натаму е популарен, многумина гласачи се сомневаат во неговата контрола врз националната економија. Претходно годинава, Обама го истакнуваше робусниот растеж на пазарот на труд, но тој сега драстично се намали.

Претпоставениот противкандидат, републиканецот Мит Ромни го критикува претседателскиот учинок на Обама како неуспешен, особено во економските аспекти. Ромни се залага за помало владино регулирање на корпорациите и помали даноци, како начин да се поттикне економијата.

XS
SM
MD
LG