Линкови за пристапност

Скромни 148.000 нови работни места, невработеноста паднала на 7,2%


Американската економија во септември, според владини податоци

Пазарот на труд во САД во септември се зголемил само за скромни 148.000 нови работни места, но затоа стапката на невработеност паднала на најниско ниво во последниве речиси пет години.

Според денес објавените владини податоци, невработеноста е за 0,1% помала од онаа во август и изнесува 7,2%. Стапката не била толку ниска уште од крајот на 2008-ма, непосредно пред најголемата економија на светот да западне во најлошата рецесија уште од времето на Големата депресија во 1930-те.

Скромниот број на нови работни места укажува на забавување на економијата во неделите пред делумното, 16-дневно делумно затворање на владата, кое, пак, според проценките, нанесе штета и до 24 милијарди долари. За споредба, во август беа отворени 193.000 работни места.

Главниот економист на една од најголемите банки во САД, Марк Витнер од Велс Фарго, за Гласот на Америка коментира дека бројот на нови работни места во септември е разочарувачки, како и дека опаѓањето на стапката на невработеност е само привидно, бидејќи се должи на бројот на работници кои решиле да излезат од пазарот на труд. Во САД, оние кои прекинале да бараат работа не се бројат како невработени.
XS
SM
MD
LG