Линкови за пристапност

Има знаци на опоравување на економијата


Има знаци на опоравување на економијата
Има знаци на опоравување на економијата

Невработеноста сепак е на високо ниво и останува топ тема за претстојните избори

Невработеноста во САД забележа подобрување изминатата година, но остана на повисоко ниво од вообичаеното и ќе биде главно политичко прашање спроти претседателските избори во ноември.

Економистите од новинската агенција Блумберг предвидоа дека стапката на невработеност во САД за декември ќе биде малку полоша отколку претходнот месец кога изнесуваше 8,7 отсто. Ако прогнозите се покажат како точни, пред да бидат објавени официјалните цифри следниот петок, тоа значи дека стапката на невработеност е седум десетини од процентен поен пониска отколку на крајот од 2010-та.

Економистите очекуваат САД да регистрираат нови 150.000 работни места во декември, повеќето од нив во приватниот, невладин сектор.

Додека економијата има придобивка од речиси 1,5 милиони работни места во првите 11 месеци од 2011-та, сепак, не беа надоместени загубените милиони работни места од периодот на рецесијата.

Околу 25 милиони Американци и натаму немаат работа или не успеваат да најдат работа со полно работно време.

XS
SM
MD
LG