Линкови за пристапност

Заздравува пазарот на трудот


Заздравува пазарот на трудот

Заздравува пазарот на трудот

Бројот на новопријавени невработени минатата недела најнизок последниве три години во САД.

Американскиот пазар на труд минатата недела забележа благо подобрување – бројот на лица кои се пријавиле за помош поради невработеност паднал на најниско ниво во последниве три години и повеќе. Според денес објавените податоци на владиниот Оддел за труд, бројот се намалил за 4.000 на 364.000.

Подобрениот пазар на труд најверојатно ќе ја поттикне потрошувачката доверба и побарувачката, на што отпаѓаат 70% од американската економија.

Одвоен извештај укажува дека економијата во јули, август и септември растела побавно отколку што претходно се сметаше. Според владини експерти, бруто- домашниот производ во третиот квартал нараснал со годишна стапка од 1,8%.

Економостите цитирани во медиумските извештаи наведуваат дека економијата најверојатно се развивала побрзо во последните три месеци од годината.

XS
SM
MD
LG