Првиот човек на Црвениот крст изјави дека епидемијата на еболата која однесе над 4.500 жртви во Западна Африка може да се сузбие за четири до шест месеци ако се преземат вистински чекори.
Елхаџ Ас Си на новинарите во Кина им кажа дека временскиот рок е возможен со добра изолација и третман за потврдените случаи на ебола, заедно со соодветно погребување на лицата што починале од ебола.
Ваквите оценки доаѓаат во време кога Светската здравствена организација свика вонреден состанок во Женева на кој се дискутира за најновиот развој на епидемијата и дали се променат препораките.
Разговорите се очекува да траат еден до два дена, по што ќе следи брифинг од СЗО за резултатите од состанокот.