Линкови за пристапност

Епицентарот на земјотресот бил околу 500 километри северно од главниот град Сантјаго

Чилеанската претседателка Мишел Башеле изјави дека ќе патува за крајбрежната област што синоќа беше најтешко погодена од силниот земјотрес од 8,3 степени, Пет лица загинале и издадено е предупредување за опасност од цунами.

Епицентарот на земјотресот бил околу 500 километри северно од главниот град Сантјаго и се почувствувал до Буенос Аирес, на спротивната страна од континентот.

Земјотресот предизвика последователни потреси и многу луѓе ја минаа ноќта надвор на улица. Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби рече дека САД се подготвени да помогнат ако биде потребно.

XS
SM
MD
LG