Линкови за пристапност

Душко Синадиноски: Ги познавам проблемите на дијаспората


Душко Синадиноски: Ги познавам проблемите на дијаспората
Душко Синадиноски: Ги познавам проблемите на дијаспората

Еден од иницијаторите за изградба на Црквата Света Богородица во Детроит пред 30-тина години, Душко Синадиноски е кандидат за пратеник од изборната единица 8 - Канада и Америка, од редовите на опозиционата СДСМ.

Синадиноски тврди дека како некој кој долги години живее во САД, добро ги познава предизвиците со кои се соочува дијаспората и дека нема да дозволи поделба на иселениците по која и да е` основа.

Душко Синадиноски: Ги познавам проблемите на дијаспората
Душко Синадиноски: Ги познавам проблемите на дијаспората

По професија - политиког, 62-годишниот Душко Синадиноски од тетовска Вратница е сопственик е на осигурителна агенција во Детроит.

Нагласува дека не е нов во политиката. Објаснува зошто е кандидат за пратеник на СДСМ: „Платформата на СДСМ за дијаспората и мојата се целосно исти. Затоа ја прифатив кандидатурата од Социјалдемократскиот сојуз. Нашата дијаспора мора да остане единствена. Ако веќе избираме, тоа треба да биде кандидат кој произлегува од дијаспората, а не да биде партиски човек“.

За Македонија смета дека попрво треба да спроведе реформи за подобрување на животот на своите граѓани, а не за влез во ЕУ и НАТО. За прашањето за името, Синадиноски вели:

„Името е еден посебен проблем. Ние немаме проблем со него. Проблемот лежи кај Грција. Грците не сакаат да го решат тој проблем. Било која влада да биде формирана во Македонија не може да го реши тој проблем, затоа што тоа не зависи од неа. Единствен начин да се реши тој проблем е некоја од поголемите држави да најде начин да им каже на Грците дека треба да запре уценувањето и да ја пуштат Македонија да напредува“, истакна Синадиноски.

Живеам во дијаспората и ги знам нејзините проблеми и предизвици, тврди Синадиноски и додава дека на дијаспората не и` е потребна политичка клима како во татковината. „Нам не ни требаат ВМРО-овци, СДСМ-овци, бранители, патриоти... Партијата или пратеникот што ќе ја претставува дијаспората, може да се нарекува единствено – Македонија“.

XS
SM
MD
LG