Линкови за пристапност

Дуке Бојаџиев: Македонец во Њујорк


Дуке Бојаџиев: Македонец во Њујорк
Дуке Бојаџиев: Македонец во Њујорк

Kонкуренцијата во метрополата е жестока и треба секогаш да бидеш подобар, вели во разговор за Гласот на Америка.

Дуке Бојаџиев: Македонец во Њујорк
Дуке Бојаџиев: Македонец во Њујорк
Дуке Бојаџиев ја промовира Македонија со вметнување на етно-елементи во неговата музика, иако признава дека е во постојана потрага по нови стилови.

Во Њујорк е веќе 10-тина години. Пишува, компонира, продуцира. За градот што никогаш не спие вели дека е џунгла на таленти од цел свет кои тука сонуваат да успеат. Конкуренцијата е жестока и затоа треба да бидеш секогаш подобар.

Дуке Бојаџиев: Македонец во Њујорк
Дуке Бојаџиев: Македонец во Њујорк

Последните концерти во њујоршкиот Карнеги Хол и Античкиот театар во Охрид ги смета како пресудни за лансирањето во светската музичка орбита.

Дуке вака ги прима реакциите од публиката и одгласите од медиумите: „Македонскиот аудиториум можеби повеќе го препознава фолклорниот момент во мојата работа, но и странското уво реагира со голем сензибилитет, затоа што се работи за македонски изворен фолклор, вметнат во западна структура на пристап и оркестрирање. Од сите страни добивам реакции на возбуда, на длабока емоција“.

Дуке Бојаџиев: Македонец во Њујорк
Дуке Бојаџиев: Македонец во Њујорк

Њујорк го импресионира како пазар каде се` почесто се експериментира со фузии од разни музички стилови.

„Имам фази во кои електронската музика ми беше подоминантна. Бев во таканаречените електронски води, иако подготовките за последниот концерт беа комплетно акустични. Мислам дека својствено на композитор од 21-век, кој функционира во Њујорк, е да има широк дијапазон – бидејќи музиката е едно, има само различни начини на израз – електронски, акустичен“, раскажува Дуке.

За Дјук Би, како што го нарекуваат пријателите и соработниците, Големото платно е инспиративен дел од кариерата: „Најмногу се наоѓам во филмската музика. Тоа најмногу ме инспирира и импонира. Сепак, не одбивам проекти за денс-перформанс, за реклама, за телевизиска серија. Секогаш кога правам музика врз слика ми е највозбудливо. Самото дејствие ми буди некоја инспирација“.

Важи за успешен Македонец во Њујорк, конкурентен во музичкиот бизнис во градот.

Која е формулата за успех?

„Работа, работа и само работа. Не познавам друга формула за успех“, категоричен е Дуке, кој во тој стил најавува нов албум, годинава.

XS
SM
MD
LG