Линкови за пристапност

„Дуинг бизнис 2012-та“: Македонија трет реформатор, скокна за 12 места


„Дуинг бизнис 2012-та“: Македонија трет реформатор, скокна за 12 места

„Дуинг бизнис 2012-та“: Македонија трет реформатор, скокна за 12 места

Напредок во дури 4 категории - вадење на градежни дозволи, регистирање на имот, добивање на кредит и решавање на несолвентност

Република Македонија е на трето место во светот на листата на највеќе подобрени економии во олеснувањето на условите за водење бизнис, според најновиот извештај „Дуниг бизнис 2012-та“ на Светската банка и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ). Македонија направила напредок во дури 4 категории - вадење градежни дозволи, регистирање на имот во катастар, добивање кредит и решавање на несолвентност. Пред Македонија како најголеми реформатори се само Мароко и Молдавија.

На севкупната листа во извештајот, Македонија направи скок од 12 места за разлика од минатата година – од 34-тото на 22-рото. Зад Македонија се сите други земји од регионот, вклучувајќи ги и членките на ЕУ - Словенија на 37-мото и Бугарија на 57-мото место. Црна Гора е 56-та, Хрватска 80-та, Албанија на 82-ра, Србија 92-ра, Грција 100-та, а Босна и Херцеговина - 127-ма.

Убедливо на последното или на 183-тото место во светот се наоѓа африканската држава Чад, како земја во која е најтешко да се води бизнис. И оваа година, како и лани, број еден земја во светот е Сингапур - најпосакуваната дестинација за странските инвеститори.

XS
SM
MD
LG