Линкови за пристапност

Поврзаност на ДНК со депресијата


Поврзаност на ДНК со депресијата

Поврзаност на ДНК со депресијата

Две одделни истражувања од двете страни на Атлантикот идентификуваа дел од човечка ДНК е поврзана со депресија

Два тима научници дошле до ваков вид на истражување. Научниците велат дека идентификувале дел од ДНК кои содржи над 40 индивидуални гени кои се одговорни за депресијата. Иако резултатите се важни, научниците велат дека се потребни понатамошни истражувања да се одредат кои конкретни гени се „виновни“ за почетната фаза на депресија.

Резултатите од одделните, но слични истражувања се важни затоа што секое од нив го идентификуваше истиот регион на ДНК.

Двата тима извршија тестирање врз браќа и сестри кои страдаат од депресија од скоро 900 семејства.

Истражувањата покажуваат дека депресијата е присутна во семејства чии родители им ги префрлиле гените на нивните деца.

Едно истражување беше извршено во вашингтонскиот Универзитетот за медицина во Сент Луис, Мусури во САД, како и во Кингс Колеџ во Лондон.

Резултатите од обете истражувања се објавени во американскиот Журнал за психијатрија.

XS
SM
MD
LG